Џошуа го нокаутира Кличко и стана крал на тешката категорија

Серијата на лев аперкат, кроше, десен директ на Ентони Џошуа го пратија Владимир Кличко во историјата на боксот во 11рунда на мегаспектаклот во Лондон пред 90.000 гледачи. Џошуа ги обедини титулите на ИБФ, ИБО и ВБА во тешка категорија.

Во 5 рунда Кличко беше во нокдаун откако Џошуа тргна жестоко, бидејќи во 4 доби силен директ од Владимир. При овие атаци му ја повреди левата аркада на Украинецот. Претходните четири рунди поминаа во борба на растојание и испитување на силите.

Џошуа како да ја изгуби силата а Кличко си ја врати инцијативата и до крајот доминираше во оваа пета рунда, а гонгот го спаси од најлошото.

Силен десен директ на Кличко го прати Џошуа во нокдаун на почетокот на 6 рунда. Седмата рунда беше помируљубива со по некој удар. Осмата се водеше од дистанца со по некој директ. Исто темпо со мала агресивност на Џошуа и во деветата рунда. Во 10 се беше исто, со едед десен апркат на Кличко.

Во 11 рунда Џошуа тргна на се или ништо и го прати Кличко на подот. Продолжи уште пожестоко и уште еднаш го нокутира, a судијата му даде шанса, но наредните удари во аголот беа знак да ја прекина борбата.

Одамна Кличко не доживела ваков пораз, а Џошуа во 19 борба го забележа 19 нокаут.

На Џошуа ова му беше трета одбрана на ИБФ титулата, додека ВБА и ИБО ги ослободи Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON