Ентони Џошуа е задоволен од она што го видел во мечот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. Тие се бореа минатиот викенд во Вегас, каде Фјури го шокираше Вајлдер и му испрати во нокдаун, а подоцна и нокаут. Со победата Британецот ја освои титулата во тешка категорија на ВБЦ и во иднина, а веќе има муабети за тоа, да се бори против Џошуа за обединување на титулите.
Од штабот на ЕЏ веднаш посакаа борба во текот на летото, но не е познато дали ќе се одржи затоа што Џошуа има две задолжителни одбрани на титулите со Кубрат Пулев и Александар Усик. Веднаш по битката меѓу Фјури и Вајлдер, Џошуа пушти видео на Инстаграм и ги нарече гладијатори.