Светскиот шампион во бокс, Ентони Џошуа е фатен во флерт во ноќен клуб со сопругата на фудбалерот на Манчестер сити, Ријад Марез.
Џошуа по освојувањето на титулите во тешка категорија почна да освојува и атрактивни убавици. Така, атрактивната Рита во петокот била забележана со Џошуа во еден ноќен клуб во Лондон, а персоналот од клубот ги открил сите детали за англиски „Сан“.
„Рита го сретна Џошуа при едно излегување, но потоа тој ја повика да му се приклучи во ВИП-салонот. Беше во друштво со пријателките и без дилеми дојде доЏошуа. Цела ноќ ја поминаа заедно флертувајќи. Тој не знаеше која е таа. Виде само убава девојка и уживаше во нејзиното друштво. Сепак, кога сопственикот му кажа дека тоа е сопруга на Ријад Марез, Џошуа се повлече“, откриваат од персоналот.