Џошуа е подоготвен да се откаже од еден од шампионските појаси

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Ентони Џошуа изјави дека е подготвен да се откаже од една од титулите доколку е потребно. Џошуа (30) си ги врати шампионските појаси на Светската боксерска асоцијација (ВБА), Светската боксерска организација (ВБО) и Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) на почетокот на декември, откако славеше на поени против Мексиканецот Енди Руиз.

„Секогаш сум велел дека не се шампионските појаси не ме прават тоа кој сум. Си останувам шампион, дури и ако ми се наложи да ослободам еден од појасите. Тоа ќе ми овозможи да се сретнам со други шампиони. Веќе поразив четиримина од светски шампиони. Ако ми се наложи да се откажам од еден од појасите, ќе биде уште поинтересно. Ќе го сторам тоа, ако треба. Но, тогаш потоа ќе си го вратам”, коментира Џошуа.

До летото оваа година, Британцот треба да направат задолжителна одбрана на светските титули во верзиите на ИБФ и ВБО, чии соодветни предизвикувачи се Кубрат Пулев и Александар Усик. Сепак, можно е, доколку не се постигне дополнителен договор со федерациите, Џошуа да се ослободи од една од титулите, бидејќи нема доволно време да организира два меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО