Џошуа: Дајте ми ги Фјури, Чисора, Пулев и останатите

Entoni Dzosua drzi pojas nasmean

Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа, веќе нема трпение за следната битка. Британскиот боксер вели дека сака да изгради репутација на крал на тешката категорија со победи над етаблирани имиња како сонародниците Тајсон Фјури, Дејвид Прајс, Дерек Чисора и Дејвид Хеј.

„Покрај нив, сакам да победам некого од Брајант Џенингс, Бирмејн Стиворн, Луис Ортиз, Малик Скот, Александар Устинов, Кубрат Пулев. Ако ги победам, никој не може да ми каже ништо. Во моментов малку ме потценуваат, зашто не сум се среќавал со ниедно од т.н.. големи имиња. Веќе имам појас, можам да почнам да ги додавам нивните имиња на мојата визија“, вели Џошуа за boxingnewsonline.net.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON