Ентони Џошуа посочи дел од тактиката за претстојниот дуел со Џозеф Паркер на 31 март. Тие ќе се борат за три од светските титули во тешка категорија.
„Направив чекор напред во споредба со мечевите против Кличко и Такам – објасни Џошуа за Гардијан и додаде:„Во споредба со минатата година работам доста повеќе на тренинзите. Минатата недела направив 20 рунди спаринг. Не сум го правел тоа дури и пред средбата со Кличко. Моето главно оружје ќе биде брзината. Тешко е да се зададе еден моќен удар. Мускулната маса не е гаранција дека ќе го откажеш противникот. нокаутот доаѓа по неочекуван удар. Колку сум побрз, толку полесно ќе победам противникот“.
.