Џошуа: Борбата со победникот од реваншот Вајлдер – Фјури мора да се случи во 2020 година

Ентони Џошуа смета дека следната година е идеална за борба за неоспорен шампион во тешка категорија.

Откако против Енди Руиз си ги врати појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, изгубени во јуни, 30-годишниот Британец во 2020 година најверојатно ќе се бори против задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Кубрат Пулев. После тоа се надева дека ќе дојде до борба за сите четири појаси на најголемите федерации.

„Се чувствувам како да сум во „Господарот на прстените“. Остана последниот прстен, одиме по него, одиме да направиме историја“, изјави Џошуа за радио БиБиСи.

„Таа борба мора да се случи во 2020 година. Во иста категорија сме, во истата ера, мора да дојде до борба ако тие момци, а особено Вајлдер кој го држи последниот појас, сакаат да испишат историја“.

„Ние веќе постигнавме историски резултат откако станав двократен светски шампион во тешка категорија. Чувствувам дека во 2020 година можеме да го разбудиме наследството“.

Вајлдер повторно се бори со Тајсон Фјури повторно на 22 февруари. Од друга страна, покрај ИБФ и ВБО му нареди на Џошуа да почне преговори со задолжителниот предизвикувач Александр Усико.

ЕЏ се надева дека ќе може да ги усклади сите обврски без да мора да ослободи титула. Борбата за обединување на титулите меѓу федерациите е предност во борбата против задолжителниот предизвикувач.

„Ако не се борам против нив, ќе треба да се откажам од еден од појасите, а јас повеќе радо би го бранел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON