Џошуа бара борби со Вајлдер и Усик

Актуелниот светски првак во бокс во тешка категорија во верзиите ва ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа, се надева дека ќе се договори со шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) Дионтеј Вајлдер за дуел меѓу нив за обединување на шампионските појаси кон крајот на годината. Џошуа има закажан меч за 1 јуни против предизвикувачот Џарел Милер во Медисон сквер гарден во Њујорк, ако победи ќе почне преговори со Вајлдер.

„Мислам дека ќе биде одлично ако се договориме за меч со Вајлдер за обединување на светските титули. Потоа би сакал да се бокирам со Усик. Бидејќи тоа ќе биде меч меѓу неоспорниот светски шампион во тешка категорија и неприкосновениот светски првак во полутешка категорија. Тоа би било неверојатно“, рече Џошуа.

Проблемот за Британецот е што неговата следна задолжителна одбрана годинава треба да биде за титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), за која број 1 предизвикувач е Бугаринот Кубрат Пулев. ИБФ најверојатно ќе му дозволи на Џошуа да го одложи мечотсо Пулев за напролет следната година, ако се договори за средба со Вајлдер оваа есен. Сепак, потоа Британецот ќе треба задолжително да боксира со Бугаринот, а дуелот со Усик ќе биде можен најрано кон крајот на 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON