Шампионот на ИБФ, ИБО, ВБО и ВБА во тешка категорија Ентони Џошуа не обрнува внимание на критиката од страна на Дионтеј Вајлдер.
Откако Џошуа го победи Енди Руиз и си ги врати титулите, Вајлдер изјави дека шампионот влегол во рингот само за да преживее.
Навистина, стратегијата на Џошуа беше сосема различна од она што го видовме досега, но Џошуа не се секира за слушнатото.
„Ова е мислењето на Вајлдер.
Многу луѓе едноставно немаат сила воопшто да кажат позитивни работи. Го победив шампионот во 12 рунди. Не мислам дека загубив и една рунда. Можеби само една … Излегов со стратегија. Успеав. Зарем тоа не е доволно? Не може сите да бидат задоволни – треба да боксирам за победата. И додека ја славам победата, тој зборува негативни работи.
Со или без Вајлдер, ќе собориме рекорди, но ако Вајлдер сака да си го зпише името во историјата, нека ми се јави“.
Вајлдер треба да се бори во февруари, кога ќе се соочи со Тајсон Фјури.