Ако се помине по планот, Ентони Џошуа го совлада Александар Поветкин на 22 септември, потоа ќе се подготвува за Дионтеј Вајлдер, со кого ќе се сретне на 13 април.
Но ако победи во септември, а средбата со Вајлдер не се одржи, Џошуа е подготвен да се сретне со Тајсон Фјури.
„Никој не може да го запре Фјури“. Ако не се одржи средбата со Вајлдер, би бил среќен да се соочам со Фјури.
Џошуа (21-0, 20 КО) го претпочита Фјури во подобра форма отколку што е сега, ако се сретнат.
Победата на Фјури против Сефер Сефери (23-2-, 21KO) е првата по пузата над 2 години откако го совлада Кличко (64-5, 53KO) и освои ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО титулите.
Реваншот со Кличко никогаш не се одржа, бидејќи Фјури беше принуден да се лекува од алкохолизам и други зависности и депресија.
Новиот меч на Фјури треба да е на 18 август. Фјури (26-0, 19KO) ќе се сретне со Франческо Пијанета (35-4-1, 21KO) во 10 рунди.
„Тој сепак е потежок откога се бореше со Кличко. Иако ја симна килажата, сепак има уште многу за работа. Тој се уште не е во форма. Од него зависи. Кога ќе биде готов и ние ќе бидеме подготвени“, изјави Џошуа.
Џошуа, исто така, го доведува во прашање режимот на Фјури:
„Фјури прави две сесии на ден? Јас би правел две боксерски сесии дневно, а тој тврди дека еднаш тренира бокс и еднаш трчање. Зошто? Да не се подготвува за каквибило други натпревари? Да влезе во салата и да се фокусира на боксот. Најдобро повеќе време да поминува во салата отколку надвор од неа“, му порача Џошуа.