Адвокатите ги демантираа „таблоидите“ во врска со спогодбата на Мек Грегор

Минатиот викенд американските медиуми се распишуваа за спогодбата што би требало Конор Мек Грегор да ја постигне кога овој четврток повторно ќе се појави во судот во Њујорк. Вчера, таквите информации беа демантирани од неговиот адвокат!

Потсетуваме дека спрема извештајот на ТМЗ, на кој се повикаа уште неколку истакнати меѓународни медиуми, популарниот Ирец е во завршна фаза на преговорите за спогодба. Како што стојат работите, поранешниот УФЦ шампион во две категории би се извлекол, и покрај хаосот што го предизвика во април пред УФЦ 223, без посериозни последици. Иако во својот дивјачка напад беа повредени неколку борци, изгледа Конор ќе помине без затворска казна, а, да потсетиме, му се закануваше таа да биде долги седум години.

„Нема вистина во последните написи кои ги пласира еден таблоид во врска со потенцијалната спогодба на Конор Мек Грегор“, се вели во соопштението до медиумите испратено од страна на Крен Кеслег, портпаролка на адвокатот кој ја брани УФЦ мега ѕвездата.

Во продолжение меѓу другото стои …

„Не коментираме, ниту некогаш ќе ги коментираме, каквибило договори со Државниот обвинител“.

Следното појавување на Конор Мек Грегор во судот е закажан за 26 јули. Се верува дека Озлогласениот сепак ќе се спогоди и покрај демантот што доаѓа од неговата адвокатска фирма.

Со тоа сепак би бил ослободен простор за понатамошни преговори со УФЦ околу следното влегување во октагонот. Мек Грегор не се борел од 2016 година кога го победи Еди Алварез, при што се закити со шампионската титула на УФЦ во лесна категорија.

Се шпекулира дека треба да се врати оваа есен на меч против Хабиба Нурмагомедов – човек кој сега ја има таа вредна титула.

Но, многу од тоа ќе зависи од рочиштето во четврток!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО