Речиси по две години пауза, Џош Барнет (34-7, 6-2 УФЦ) успешно се врати во арената, во неговиот втор дом.
Во Саитама супер арена „Вормастер“ со едногласна одлука на судиите го победи Рој Нелсон (20-12, 7-8 УФЦ).
Барнет во клинч одлично работеше со аперкатите, лактите и удари во телото, а „Биг Кантри“ уште еднаш покажа дека има челична муцка.
Поранешната ѕвезда на Прајд контролираше поголем дел од 25-минутната борба, но Нелсон имаше свои моменти, како висок удар (хај кик) во втората рунда.
https://youtu.be/eGrgrRiUzro
Последниот кружен во глава од скок, летечко колено и канонада од уадри му донесоа на Уриј Хол (12-5, 5-3) импресивен прекин против Жерард Мусаси (02.06.37, 4-3 УФЦ) на почетокот од втората рунда на подглавниот настан на УФЦ Фјат најт 75. Јамајканецот (31) го замени од Роан Карнеиро и му го нанесе првиот пораз со удари на Мусаси во неговите 45 борби.
https://youtu.be/Os_8lT5NPsk
Диего Brandao за 28 секунди го смачка Кацунори Кикун. Во финалето на „Роуд ту Џапан“ во перо-лесна категорија Мизуто Хирота и Терутора Ишихара ремизираа.
Уриј Хол, Џош Барнет, Диего Брандао и Кеита Накамура се наградени со дополнителни 50.000 долари за нивните борби на настанот.
УФЦ Фајт најт 75:
Џош Барнет – Рој Нелсон (со едногласна одлука на судиите, 48-47, 48-47, 50-45)
Уриј Хол- Жерард Мусаси (ТКО, Р2)
Кјоџи Хоругучи – Чико Ками (со едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Такеја Мизугаки – Џорџ Руп (со едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Диего Брандао – Кацунори Кикуно (ТКО, Р1) преку ТКО
Мизуто Хирота – Терутора Ишихара (неодлучено, 29-28, 28-29, 29-29)
Кеита Накамура – Ли Јинглианг (сабмишн, давење од позади, Р3)
Ник Хајн – Јусуке Касуја (со едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 29-28)
Кајан Џонсон – Најуки котани (со едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 30-27)
Шинзо Анзаи – Роџер Запата (ТКО, повреда, Р3)