Џорџ Форман: Боксот има потреба од Мек Грегор

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Џорџ Форман уште еднаш му го оддаде заслуженото признание на Конор Мек Грегор за неговото претставување на мечот со Флојд Мејведер.

За разлика од повеќето свои колеги, тој смета дека Ирецот може да помогне страшно многу на саканиот спорт.

„Мек Грегор може да собере една толпа гледачи. На него не му е потребен бокс. Напротив, боксот има потреба од него. Конор нема што да докажува. Бев вчудоневиден дека успеа да го стигне и да го удира Мејведер, на кого, никој друг пред него, не успеа да му зададе удари. Едноставно, му стнема воздух. Не е лесно да се бориш 12 рунди во боксот“, објасни Форман.

https://youtu.be/cRmvTA–URg

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON