Ентони Џонсон знае дека следниот меч што ќе го има во октагонот на УФЦ, воопшто нема да биде лесен. Џонсон на 24 јануари 2015 година ќе се со Александар Густафсон во Теле 2 Арената во Стохолм, Шведска.
За Џонсон ова ќе биде голем предизвик, а, како што самиот рекол, Густафсон ќе му биде најтешкиот противник досега.
„Густафсон е мојот најтежок противник. Дали сте го виделе како се бори? Се движи добро, удира добро и ги избегнува ударите на противникот. Мислам дека е единствениот човек кој зададе неколку силни удари во Џон Џонс. Џонс е ѕвер, тој е најголемиот борец во историјата на полутешката категорија и тоа непрестано го докажува. Но, исто така и Густафсон е ѕвер. За мене е чест што сум во иста категорија со нив двајцата. Токму, ова е возбудливото за мене. Се надевам, кога ќе остарам дека ќе можам да им раскажувам на помладите генерации што сум направил. Се надевам дека имам добри приказни за раскажување“, изјави Џонсон за ММАМаниа.цом.