Џони Вокер танцува, прави салто и нокаутира за само 15 секунди (ВИДЕО)

Најголемиот шоумен во ММА, Џони Вокер (Бразил), повторно ги натера фановите да избувнат. Дури и без да се испоти го нокаутира Џастин Лидет (САД) за само 15 секунди на настанот во Форталеза (Бразил). Борбата од лесно-тешка категорија заврши неочекувано брзо, откако локалниот миленик со ѕверски бекфист го удри во главата на Американецот. Вокер додаде уште два удари и средбата беше прекината.

Шоуменот не престана да танцува при излегувањето на рингот, а на крајот на средбата направи салто и почна да го прави легендарното движење  на „црв“ на кечерот Горештија Скоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО