Џонатан Бенкс: Владимир Кличко е „диносаурус“ на оваа генерација

Тренерот на Владимир Кличко – Џонатан Бенкс, го нарече украинскиот боксер „диносаурус“ на оваа генерација – статус кој може уште еднаш да го потврди со победа над Ентони Џошуа на 29 април. Во интервју за „Скај спортс“ Бенкс истакна дека „Владимир си поставил за цел да стане трикратен светски шампион, нешто за што тој има карактер, и да влезе во елитната група борци кои и на 40 години се натпреваруваа на префинето високо ниво“.

„Секоја една генерација има свој „диносаурус“. Последниот таков беше Бернард Хопкинс. Момците на негова возраст не можат да издржат и три рунди, да не зборуваме за 6-7-неделни кампови. Во тешка категорија последниот „диносаурус“ беше Џорџ Форман, кој ја освои титулата на 45-годишна возраст. И јас верувам дека Владимир е „диносаурус“ на оваа генерација“, изјави Џонатан Бенкс.

Според зборовите на боксерскиот специјалист, активноста и конзистентноста на Владимир ќе бидат клуч за победата против Џошуа, а спаринзите меѓу Украинецот и Британецот, кога тој беше во кампот за обука на Кличко, бил многу оспоруван – „Заб за заб“.

Натпреварот Владимир Кличко – Ентони Џошуа ќе се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон, а залог се светските титули во супертешка категорија во верзиите ИБФ, ВБА и ИБО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON