Џон Тери го мотивира Џошуа

Капитенот на лондонски Челзи, Џон Тери, се сретна со британската ѕвезда на професионалниот бокс Ентони Џошуа и го мотивираше за мечот против Владимир Кличко кон крајот на април на стадионот „Вембли“.

„Не би сакал да добијам една десница од Џошуа. Тој е неверојатен борец и вистински господин. Благодарам, пријателе“, напиша Тери на Инстаграм под фотографијата со Џошуа.

Средбата беше овозможена поради неучеството на Тери во репрезентацијата на Англија, притоа доби повеќе слободно време и успеа да се наполни со енергија за финалниот поход кон титулата на Островот, која Челзи речиси ја заработи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON