На настанот во Верона во американската држава Њујорк, каде што Дејан Златичанин стана светски шампион, се бореа и Руслан Проводников и Џон Молина Јуниор.
Молина (29-6, 23 КО) го изненади поранешниот ВБО светски првак во полувелтер категорија Проводников (25-4, 18 КО) и победи со едногласна одлука на судиите – 116-112, 117-111, 115-113.
33-годишниот Американец упати прелу 1.100 удари во текот на 12 рунди, вклучувајќи и 643 предни директи во однос на Русинот со 265. Проводников не успеа да ја скрати дистанцата против големиот противник.
„Денешната одлука беше исправна. Молина ја доби борбата, беше подобар. Сè е бодувано точно токму онака како што требаше да биде бодувано. Очекувавме да боксира, да се движи. Го очекувавме тоа од него. Ова не беше мојата ноќ. Може повеќе го немам глдот како порано. Нема да барам изговори, но вечерва ми беше тешко да пронајдам ритам. Не мислам дека тоа е поради стојот. Нема оправдувања. морам да седнам и да размислувам за тоа што се случило. Жал ми е ако ве разочарав“, рече Проводников по борбата.