Џон Каванг е сигурен дека до крајот на 2018 година Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов ќе се сретнат во кафезот. За време на интервју во живо на Фејсбук, тој рече дека Нурмагомедов ќе го победи Фергусон со одлука на судиите. Но, го кажа своето видување за средбата меѓу Хабиб и Конор:
„Да, дефинитивно ќе се сретнат. Го гледав последниот меч на Хабиб, Барбоза е добар со нозете, но обидот на оваа стратегија против некој кој брзо го скратува растојанието е доста ризично.
Сите видовме што се случи во борбата со Мајкл Џонсон, тој успеа да се ослободи од Хабиб, но ако беше Конор, тоа дефинитивно ќе беше нокаут. Треба да се подготвиме, бидејќи видовме дека Хабиб издржа соборувања, дефинитивно, ќе се обиде да го држи мечот на подот, па мора да бидеме во форма. Како навивач, навистина сакам да видам таква битка, мислам дека стојот на Конор ќе му создаде многу проблеми ба Хабиб.
За да ја раскажам долгата приказна, кратко ќе кажам дека Конор ќе го заврши во две рунди. Гледајќи како ја кратеше дистанцата со Џонсон и со Барбоза во таа насока не се подобрил. Тој претпочита да прими удари, дури потоа да ве собори, во светот нема толку добри борци како него во оваа насока, но треба да знаеме дека борбата започнува на нозеа и се одвоени.
Се надевам дека ќе се случи ќе биде неверојатно“.
За сите кои сакаат да го гедаат интервјуто, можете да го видите тука:
https://www.facebook.com/moby.siddique/videos/1871793579528921/
.