Џон Џонс уапсен, бил летва пијан

УФЦ шампионот  Џон Џонс во полутешка категорија е уапсен од страна на полицијата во Албакерки, Ново Мексико, поради возење во алкохолизирана состојба и прекршок поврзан за оружје.

ММА борецот веднаш бил лишен од слобода, а за кратко време бил пуштен од полициската станица.

Како што е наведено во полицискиот извештај, полицајците излегле од станица поради некоја пукотница, а по пат го пронашле Џонс како спие во автмобил (со двојно повеќе алкохол во крвта од дозволеното).

Инаку, ова не е прв пат Џонс да заврши во полициска станица, откако претходно низа скандали со законот, дрогата, допингот му направија сериозни проблеми.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON