Џон Џонс: Крис Вајдман знае каде ќе го чекам

Пред неколку дена поранешниот шампион од средната категорија, Крис Вајдман, објави дека завршил со таа категорија и скокнал во полутешка. Пртоа рече дека е подготвен да се бори со Џон Џонс, па дури и верува дека на хартија е подобар од него во некои области.

Очигледно овие изјави на Вајдман го привлекуваат вниманието на „Коски“, кој вели дека е подготвен за него и ќе го чека:

„Џон Џонс: Крис, знаеш каде ќе те чекам.

Крис Вајдман: Јас сум на пат.

Џон Џонс: Да, на хартија“.

Џонс влегува во кафез следниот месец во главната борба на УФЦ 239 и ќе се бори против Тијаго Сантос. Вајдман ја лечи повредата и се надева дека ќе се врати до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО