Џон Џонс ќе ја брани титулата против Ентони Смит на УФЦ 235

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија, Џон Џонс, се враќа на УФЦ 235 на 2 март во Невада каде што ќе ја брани титулата против Eнтони Смит.

Џонс изрази желба да се бори трипати оваа година и првата борба ќе биде во март. Тој се врати со победа над Александар Густафсон на УФЦ 232 и си ја врати титулата.

Неговиот противник Лајонхарт дебитираше во полутешка категорија минатата година и е непоразен. Успеа да ги добие првите три меча со брутални нокаути над Рашад Еванс и Шогун Руа, а во октомври го порази поранешниот предизвикувач за титулата Волкан Оездемир.

https://twitter.com/lionheartasmith/status/1081816958994210816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fjon-jones-sreshtu-anthony-smith-na-ufc-235

Денес, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, преку објави ТМЗ дека работи напорно на битката меѓу нив која ќе се одржи во Недава. Вајт изјави и дека Џонс ќе добие лиценца од Комисијата која не му ја издадр за УФЦ 232, па настанот беше преместен во Калифорнија.

Џон Џонс денес на социјалните мрежи сподели дека има големи новини и очигледно дека ја имал на ум неговата борба со Ентони Смит за УФЦ 235.

https://www.instagram.com/p/BsR6yrdlix0/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON