Во последните неколку години Џон Џонс преживеа доста тешки моменти, како на личен, така и на професионален план. „Коски“ се обидува да ги поправи грешките кои си ги допушти и не сака да го паметат по нив, но неговите противници секогаш гп потсетуваат и го критикуваат поради нив. Многу од борците кои се соочиле со него го критикуваат дека не е добра личност и употребуваат забранети супстанци. Овој шампион во полутешка категорија смета дека луѓето бараат слабости во неговиот приватен живот, бидејќи во кафезот немаат мадиња.
„Многу луѓе се обидуваат да го навредуваат мојот начин на живот, затоа што нема многу да кажат за борба во ММА. Здраво се трудев, за да покажам дека немам големи слабости во кафезот, но дефинитивно ги имам во приватниот живот. Мислам дека тоа е нешто со што треба да се справам и да се носам со тоа уште долго време, но и тоа ќе заврши“.