Поранешниот полутешкашки шампион Џон Џонс неодамна упати неколку критички коментари на поранешениот противник Чаел Сонен. Ова го принуди натпреварувачот на Белатор во тешка категорија да го врати ударот.
„Мислам дека Чаел Сонен е најлош шоумен. Едноставно, многу работи што ги кажува се глупости. Кога Конор Мек Грегор ја отвора устата, во неговите зборови има многу вистина. Поради ова, Хабиб ќе биде под поголем притисок … ќе се бори со многу опасен борец кој обично си стои на зборот. Што се однесува до Чаел, луѓето го запаметија тоа дека многу зборува, а потоа ја губи борбата“, вели Џонс.
JonJon
You trash-talk about as well as you exchange insurance info after traffic accidents….
— Chael Sonnen (@ChaelSonnen) September 3, 2018
Чаел Сонен веднаш ги користи социјалните мрежи, за да возврати на нападите, притоа потсети на сообраќајната несреќа во 2015 година, во која Џонс удри бремена жена и избега од полицијата.
.