Џон Џонс го коментираше поразот на Конор Мек Грегор од Нејт Дијаз.
Додека царот фунта-за-фунта се смета за навивач на Ирецот, исто така, му сметаат неверојатните приказни во кои дел од навивачите поверуваа.
„Дел од мене мисли дека е добра работа што е понижен. Непосредно пред поразот, влегуваше во разговори во кои тврдеше дека ќе се бори со било кого, било каде, велејќи дека може да го победи секого, без разлика на тежинската категорија“.
„Добивав порака од навивачите во кои ме прашаа како би поминал против Мек Грегор? Би им одговорил: Ајде, момци, не можете да бидете сериозни. Јас сум стокилаш, деветкратен светски шампион. Вие навистина мислите дека воопшто би имало меч? Некои луѓе навистина веруваа дека тој може да го победи секого во секоја категорија“.
„Така штои, мило ми е што се случило тоа. Тоа и донесе доза на реалност на навивачите, дека можеби тој човек не е непобедлив. Работи кои ние професионалните борци ги знаевме цело време“.
„Драго ми е што изгуби затоа што сум сигурен дека тоа ќе го извлече најдоброто од него. По поразот почнувате да ги затворате дупките во својата игра, почнувате да го преиспитувате својот тренинг, за да станете подобри“.
„Како фан Мек Грегор сакам да доживее долговечност во овој спорт. Момците како Мек Грегор ја симболизираат иднината на нашиот спорт. Конор Мек Грегор добива фанови од целиот свет, кои гледаат УФЦ, кои ја гледаат само неговата борба. Ни требаа момци да бидат успешни како Конор Мек Грегор“.
„Да,јас сум негов фан, но чувствата ми се помешани во врска со неговиот пораз“.