УФЦ новинарот Џо Роган потврди дека борбата меѓу Конор Мек Грегор и Доналд Цероне – Каубоецот е „веќе завршена работа“.
„Каубоецот“ досега има 22 победи и ќе биде огромен предизвик за Мек Грегор. На последниот меч, Цероне го „уништи“ Александар Ернандез.
Мек Грегор ќе се врати во кафезот околу април, поради неговата шестмесечна суспензија за хаосот по мечот со Нурмагомедов. Засега точниот датум за борба меѓу Ирецот и американскиот борец сè уште не е познат.