ЏК Пролетер се гордее со младите џудисти кои освоија пет медали на Меѓународниот турнир во Аминтео- Грција, 1 злато, 2 сребра и 3 бронзи.
„Нашите млади пионери во исклучително силна конкуренција успешно ги совладаа противниците од Бугарија, Грузија, Србија, Кипар и Романија и да се вратат со 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени медали. Во најдобро светло се покажа поискусната Александра Макеска која извојува две победи. Во финалните борби се натпреваруваа Давид Спиркоски и Сара Павлоска кои нијанси ги делеа да застанат на пиедесталот резервиран за прваците. Бронзени медали освоија Мартин Петрески и Хелена Зографоска кои имаа исклучително тежок пат до бронзените медали. Честитки до упорните и неуморни џудисти кои достојно го претставија Пролетер на овај силен турнир“, велат од ЏК Пролетер.
Ipon.mk/В.Д.