ЏК Гладијатор од Кочани се збратими со клубот на олимписката шампионка Малјинда Келменди (ФОТО)

Кочанскиот Џудо клуб Гладијатор 2016 изминатиот викенд организираше тридневен семинар и заеднички тренинзи со Џудо клубот „Полиција“ од Косово предводен од тренер Антон Цена, носител на мајсторски појас 5 дан.

Со клубот на олимписката шампионка од Рио, Мајлинда Келменди, е потпишан договор за заедничка соработка, разменување искуства и збратимување со клубот од Приштина.

„Дојдовме во Кочани со цел да се збратимат двата клуба. За време на викендов одржавме заеднички тренинзи и семинари со цел разменување на искуства меѓу себе. Јас ги очекувам џудистите од Кочани да дојдат кај нас во Приштина, за да ја продолжиме соработката“, изјави Антон Цена.

„ Овој договор е само почеток на соработката. Имаме понуда за заминување на пет наши натпреварувачи за Словачка, со што, полека но сигурно, чекориме кон освојување на балкански медал“, рече Драган Шеќероски, тренер на ЏК Гладијатор 2016 од Кочани.

Договорено е нивната натпреварувачка Резарта Алими во иднина да ги брани  боите на Гладијатор.

Во пролетниот дел натпреварувачите на Гладијатор ќе учествуваат на два големи меѓународни турнири, во март во Словачка и во мај во Албанија.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON