12 медали за ЏК „Дрим“ на Меѓународниот џудо турнир „Миоки опен 2016“од кои 4 златни, 3 сребрени и 5 бронзени.
Со златни медали се закитија: Дорјан Петкоски, Марио Нелоски, Анамарија Стојмиловска и Христијан Тодев.
Сребрени: Стефан Попоски, Андреј Велјаноски и Андреј Симоноски.
Бронзени: Петар Дуноски, Јаков Блажески, Берин Шабоски, Александар Шулески и Михаил Касниоски.
„Со овој успех не застануваме тука, туку следната недела на 5 ноември во Софија, Бугарија, ќе уцествуваме на Меѓународниот турнир „Илинден опен 2016“, велат од клубот.
Ipon.mk/В.Д.