ЏК Дрим: Догодина да станеме најпрестижен турнир со над 500 учесници

Struga open 2016 site vo stroj

„Џудо спортот во Струга е на многу високо ниво, а ЏК Дрим со организацијата на меѓународниот натпревар „Струга опен 2016“ покажа дека клубот е од врвен ранк и со високи квалитети“, се вели во првичната оценка на ЏК Дрим од Струга по завршувањето Меѓународниот турнир „Струга опен 2016“ што се одржа во недела.

Mioki na Struga open 2016 postrojuvanje

На турнирот учествуваа 303 џудисти од 27 клубови и 9 држави, вклучувајќи ги: Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија.

„Натпреварот помина во одлично светло, со прекрасна организација и големо задоволство кај сите гости. Се надеваме дека во наредната 2017-та овој натпревар ќе ја надмине бројката на натпреварувачи над 500 и дека овој турнир ќе прерасне во еден од најголемите настани во градот Струга, а и во цела Македонија“, вели Ѓорги Стојанов од ЏК Дрим.

Seisin Struga open 2016 vo stroj

Стојанов и се заблагодарува на сите клубови кои учествуваа и на сите спонзори, без кои овој натпревар не ќе можеше да се организира.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON