Џудо клубот Дрим од Струга, балгодарејќи на сограѓанката Славица Буентдијк која е мажена во Холандија, доби донација од дуксери за секој член на клубот.
Донацијата е преку организацијата „Stichting Hulp Macedonie“, каде што членува и Славица. „Нашата соработка настана по одличната презентација на нашиот клуб во меѓународните натпреварувачки води, однонсо со учество на 37 меѓународни натпревари и освоени 246 медали. Исто така, ЏК Дрим мозе да се пофали како најуспешна екипа во конкуренција на помлади пионери и пионери во нашата земја. Сето тоа г-ѓа Славица и холандската организацијата „Stichting Hulp Macedonie“ будно го следеа преку медиумите, како IPON.mk и останатите портали. Не наградија со убава донација од дуксерки за секој член во клубот“, вели тренерот Ѓорги Стојанов, додавјќи дека оваа донација за нив е голем мотив во иднина да продолжат со работа и да го зголемат темпото.
„Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина“, истакнува Стојанов.