Џиу џицу турнирот „Скопје опен 2017“ со светски маштаб остана невидлив за институциите (ФОТО)

На годинашниот Меѓународен џиу џица турнир „Скопје опен 2017“ забележавме неколку интересни работи, така покрај стандардните гости од регионот и Германија, имаше натпреварувачи од Мурициус од Африка, нешто што ретко се случува во овие краишта.

Џонатан Чарлот борец од светскиот врв на БЏЏ, покрај тоа што е првак на Африка, годинава учествуваше и на Светските боречки игри во Вроцлав, Полска. Овој викенд треба да настапи и на Светското првенство во Богота, Колумбија. На турнирот во Скопје ја покажа својата класа и во двете дисциплини (борби и не ваза) го освои првото место и беше прогалсен за најдобар борец на турнирот.

Македонија покажа дека има борци кои добро го познаваат овој спорт и можат да се спротивстават на искусни натпреварувачи.

Ако може да се забележи беспрекорна организација, односно учество на 220 натпреварувачи на три борилишта, пропратени од две медицински екипи и еден физиотерапевт, двајца техничари од Словенија се грижеа за комјутерскиот дел, 14 судии, со над 500 борби, околу 300 гледачи и како шлаг на се беше детскиот хор на отворањето. Но, за жал, тоа не сакаше да го види ниту еден претставник од Агенцијата за млади и спорт и од град Скопје. Претспоставуваме дека имале дебела причина да не дојдат.

Ако споредиме колку праи се вложуваат во овој спорт кај нас и во Словенија соодност е 0 : 100.000 евра годишен буџет, а сепак постигнуваме резултати. А токму Катерина Ацевска совлада две противнички од Словенија на убедлив начин, односно од најдобрата џиу џицу земја во регионот и пошироко.

Спортот има повеќе предности за една држава, затоа го почитуваме и да ги почитуваме тие што работат и што организираат спортски манифестации.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON