Македонската џиу-џица федерација во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија го реализира предавањето за најмладата популација на тема: Како да се заштитиме од употребата односно злоупотребата на пиротехничките средства.
Предавањето се одржа во просториите на клубот Дан кју од Скопје.
Од клубот изразија благодарност за гостинот воедно и предавач – Благоја Стојановски, виш инспектор во СВР Скопје, дипломиран криминалист, практичар кој како и во илјадници други случаи во своето дводецениско работење, знаењето и искуство ги доближи и сподели со најмладите членови на клубот и присутните родители.
Ipon.mk/В.Д.