ЏИТ КУН ДО – оружје за совладување на сопственото его

ЏКД не се занимава со тоа како ќе не нападне некој во реална ситуација, туку оди директно во јадрото на проблемот и се брани и напаѓа на најприроден начин. Ослободен од сите стеги на традиционалните сваќања, како во другите боречки вештини.

ivica samoodbrana

Филмовите на Брус Ли биле инспирација за многу млади да почнат да се бават со боречки вештини, а кај нас, пред се со карате. Славниот Ли почнува со кунг фу, но подоцна прави свој стил на боречка вештина, која всушност е комбинација од повеќе боречки вештини. Својата вештина Ли ја именувал како ЏИТ КУН ДО (ЏКД) или оружје за совладување на сопственото его. Следбеници на оваа вештина има и во нашата земја. Затоа сакаме поблиску да ви ја претсавиме оваа вештина, која Ли му донесе светска слава, а и најмногу ги популаризираше боречките вештини.

Едноставноста е најбрзиот пат до успехот, па затоа ЏКД делува брзо и едноставно, и во реална ситуација ги применува сите оние техники што се најреални и во моментот најкоректни. ЏКД му дава предност на отсуството на облик, на форма, зашто тогаш ги зема сите техники што му се потребни за да ја постигне целта. Во Џит кун до важи една мудра изрека “Доволно е доволното”. ЏКД не се занимава со тоа како ќе не нападне некој во реална ситуација, туку оди директно во јадрото на проблемот и се брани и напаѓа на најприроден начин. Ослободен од сите стеги на традиционалните сваќања, како во другите боречки вештини. Го зема она што му е потребно и го отфрла она што му пречи, така на некој начин формира свој систем на борба. ЏКД го принудува вежбачот да размислува и да си ја прилагоди вештината на своите потреби и можности за да биде природен, а не да го стави во стеги и да го принудува да се определува вештачки по одредени шаблони.
Џит кун до-то е како вода, значи, исто како што водата се прилагодува на садот во кој е ставена, така и вештината се прилагодува на настанатата ситуација. Во една изрека се вели: “Со прст ќе ти покажам кон небото, но не се фокусирај на врвот на прстот зошто ќе ја испуштиш целата убавина на небото”. Така и ЏКД е еден вид патоказ на патот кон самооткривање и саморазвивање.

23
Многу вежбачи сакаат нешто повеќе и нешто различно секој ден, секој тренинг, но не ја сфаќаат суштината на основните движења и техники. Ако градите куќа и ако темелите се слаби, колку и да е скапа и убава таа куќа нагоре, секогаш ќе постои можност при најмал потрес таа да се сруши. Без форма, не значи дека немате ниту една форма, туку дека ги поседувате сите форми, без пат не значи дека немате ниту еден пат, туку дека ги имате сите патишта и моќта да го изберете најкраткиот и најприлагодениот пат за Вас. Не се работи за тоа да се стекнуваат нови работи, туку, секојдневно да се отфрлаат непотребни работи кои го оптоваруваат вашиот ум и го попречуваат неговото делување. При вежбањето на боречките вештини има неколку “болести” и тоа се: желбата да се победи, желбата да се покаже она што сте го научиле, желбата да се преплаши противникот итн. Уметноста живее онаму каде што е слободата, а токму тоа е ЏКД. Секогаш имаме повеќе доверба во она што го имитираме, отколку во она што сами, најприродно, би го извеле. ЏКД ве учи да ги следите принципите, но не по секоја цена да ја “имитирате” техниката, затоа што имитирањето не е лично искажување, туку шаблон, рутина, а рутината е лоша работа. За да бидеме нешто повеќе од она што сме, треба прво да сме свесни за она што не сме. ЏКД представува оружје за совладување на сопственото его, сопствените емоции. Ако нападот е најдобра одбрана, ве учи во конкретна ситуација први да нападнете и на тој начин да се одбраните.
Познавањето на себе си е основа на ЏКД.
Пред 50 години било незамисливо да се комибнираат боречките вештини. Креаторот на Џит кун до-то , Брус Ли, е “таткото” на денешните многу популарни мешани боречки концепти и натпревари ( Ултимејт фајт, Прајд, Шото и други). Уште во тоа време кажувал дека нема лоша боречка вештина и дека секој вештина има одредена “мана” (во бокс нема удари со нозе, во џудо нема удари итн.), па затоа е добро да се комибнираат. ЏКД-то го креирал така што земал движења од мачување и западниот бокс, удари со нога од карате, таи бокс, савате; удари со раце од бокс, таи бокс, кали, разни фрлања и борба на под од џудо, џиу џицу. Денес сме сведоци на големата популарност на Ултимејт фајтот и гледаме дека таму се применуваат разни боречки вештини, слично на размислувањата и креацијата на Брус Ли уште пред 50 години.
ipon.mk/ Ивица Алексовски

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON