Џевад Потурак настапи на настанот „Крал на кралевите“ (King Of Kings) во главниот град на Литванија.
42-годишниот „БХ машина“ со технички нокаут во првата рунда го победи Германецот Кирил Булер.
Булер оваа недела го замени првично најавениот Полјак Вислав Квашњевски.
На Потурак ова му е втора победа годинава.