Џенифер Анистон е убава и згодна бидејќи тренира бокс

Џенифер Анистон (49) е позната по својата совршена градба и по која воздивнуваат многу мажи во светот. Таа не е класична слаба девојка, туку здрава и силна жена. Тајната на нејзината совршена линија е боксот.

Анистон истакнува дека овој вид на тренинг е одличен не само поради обликување на телото туку и за исфрлување на негативната енергија.

Со ваков тренинг, актерката ги обликува рацете и стомакот, но и нозете, бидејќи телото постојано ѝ е во движење.

Вежба од три до шест пати неделно, а тренинзите некогаш траат по 45 минути, но некогаш два часа. Напорно вежба кога има некое важно случување.

Тренингот се состои од скокање со јаже, трчање, класични боксерски потези и друго.

Џенифер е една од 300 познати личности кои својата линија ја одржуваат вежбајќи бокс. Ваков тип на тренинг има одлични психо-физички последици на организмот, го затегнува целото тело и е одличен за кардиоваскуларниот систем.

„По бокс тренингот се чувствувате ментално испразнето од сите лоши работи кои ги слушате и гледате секојдневно. Постои и оној сладок момент кога помислувате на некои од тие работи додека удирате“, изјави во една прилика актерката за магазинот Стил/Style.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON