Џеки Чен ќе добие ОСКАР за животно дело

Dzeki Chen

Мајсторот на борачките вештини, Џеки Чен, ќе добие Оскар за животно дело. Тој има играно во над 30 филма

Веста деновиве беше објавена од Академијата на филмските уметности и науки.

Чен, роден во Хонгконг, е на возраст од 62 години и има остварено улоги и во холивудските филмови „Кунг фу панда“, „Смокинг“ и „Раш аур“.

Инаку, Чен имал осум години кога за првпат глумел во филм, а како актер, но и како режисер настапил во повеќе од 30 филма со борачки вештини. Ова ќе му биде прв „Оскар“.

Покрај мајсотрот Чен, добитници на оваа награда се: режисерот на документарци Фредерик Вајсман, британската монтажерка Ана. В. Котесу и кастинг-директорката Лин Сталмастер. Секој од нив, на гала-вечера во Лос Анџелес во ноември, ќе ја прими почесната статуетка „Оскар“ со која се признава нивниот животен придонес во филмската уметност.

Претседателката на Академијата, Черил Бун Ајсак, во соопштение истакна дека тие се „вистински пионери и легенди на својот занает“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON