Шампионот во полутешка категорија на УФЦ, Џон Џонс, повеќе години имаше големи проблеми со забранети супстанци. Многупати не успеа на допинг тестовите и беше казнет од УСАДА. За негова среќа, минатата година „Коски“ беше оправдан, иако продолжи да дава позитивни примероци. УСАДА направи некои истражувања и почна да тврди дека позитивните примероци се резултат на „пулсирања“ на забранети материи во телото на Џонс.
Ова ги принуди сериозно да го тестираат, како и да го присилат да дава промероци и на ВАДА/ WADA. Атлетските комисии исто така почнаа со тестирање на Џон на забранети материи и минатата година тој беше подложен на 42 тестови од УСАДА, ЦСАЦ и НСАЦ. На социјалните мрежи, Џеф Новицки реши да го коментира ова и изјави дека Џонс е најтестираниот спортист во спортот.
„Во 2019 година, Џон Џонс беше тестиран 42 пати од три засебни организации УСАДА, ЦСАЦ и НСАЦ. Имам 20-годишно искуство во антидопинг светот, ова е најголемиот обем на годишни тестови што сум ги видел досега во спортист во којбило спорт“, рече Новицки.
Овој викенд Џнс ќе ја брани титулата против Доминик Рејес во главната борба на УФЦ 247 во Тексас.