Непоразениот американски боксер во тешка категорија, Џарел Милер, му фрли ракавица на шампионот на Светскиот боксерски совет, Дионтеј Вајлдер.
Двајцата имаа жестока телевизиски дуел. Прво Милер му скокна на нокаутерот кој не му остана должен. Се очекува наскоро да започне медиумско загревање за претстојната средба.
Во последниот меч Џарел Милер го згази ветеранот Фред Каси уште во третата рунда. Ова беше неговата 18-та победа (16 со нокаут)а има е една нерешена. Милер се закани дека ќе ги нокаутира другите двајца светски шампиони во тешка категорија Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.