Џарел Милер е суспендиран 6 месеци од ВБА, по падот на допинг тестот (три пати) пред битката за титулите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО со Ентони Џошуа.
Милер беше фатен при контрола на ВАДА. Падот на допинг тестот го исфрли од мечот и Атлетска комисија на Њујорк немаше да му даде лиценца за средбата. „Големото бебе“ нема да добие казна од комисијата, бидејќи важноста на лиценцата беше истечена. Сега 6 месеци ќе биде тргнат од ранглистата на ВБА, но и покрај тоа тој може да боксува, ако сака.
Грег Коен, кој е негов промотор, смета дека оваа казна е фер.
„Мислам дека е фер. Мислам дека ќе се придржува кон казната. Мислам дека нема друг избор. Казната е фер и тој е должен да се соочи со тоа“.