Џаидеп Синг: За Федор се подготвував со Веласкез

Jaideep-Singh

На последниот ден од 2015 година, Саитама ќе биде местото каде што ќе се случи враќањето на Федор Емилијаненко. Неговиот противник ќе биде 28-годишниот кик боксер Џаидеп Синг.

Долго време се чекаше кој ќе биде противникот на Федор за овој настан организиран од јапонската промоција Ризин. Колку и да се обидуваа организаторите да најдат атрактивен противник за враќањето на Федор, на карјот беше објавено она што веќе одамна беше пуштено во јавноста. Федоровиот противник е Џаидеп Синг, кој има само две средби зад себе во кои постигна победи.

28-годишниот Индиец на прес-конференцијата пред мечот беше полн со почитување кон Федор, но е убеден дека може да се носи со него.

„Би лажел ако речам дека не се плашам од овој меч, но тренирав во САД каде што работев со поранешниот шампион на УФЦ, Каин Веласкез. Мислам дека тој е многу поопасен од Федор, кој не се борел три години, а тоа секако оставилој тарага. Морам да ги искористам приликите кои ќе ми се укажат“, рече Џаидеп Синг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON