Британскиот таблоид Дејли стар пишува за немилиот инцидент што се случил пред неколку дена, а чија цел била девојката на славниот боксер Флојд Мејведер Јуниор – Аби Кларк.
Според наводите во текстот, Кларк е нападнат во нејзиниот дом кога преку прозорецот на нејзиниот стан била фрлена тула од страна на навивачите на Конор Мек Грегор. Тулата имала и порака „Го ебам Мејведер“ – цитат кој Мек Грегор постојано го повторуваше во текот на промотивната турнеја која заврши пред десетина дена.
„Беше страшно. Аби е потресена од она што се случи. Кога стигнале соседите, кои дошле да и помогнат, таа била во состојба на напади на паника. Сето ова и дојде сосема изнендано и затоа е во шок. Се тресеше со часови по нападот. Ова не е прв пат, луѓето ја напаѓаа и е на улица, а на Инстаграм добива навредливи пораки. Кларк и Флојд неодамна станаа многу блиски и нивниот однос расте. Но, ова што се случи минатата недела сигурно ќе влијае на идните односи. Знае дека ако сака да продолжи да го гледа, ќе мора да размислат за нивната безбедност и ќе мора за некое време да се преселат од станот“, откри за Дејли Стар личност блиска до девојката на Мејведер.
Наводно Аби веќе некое време е жртва на жестоки напади на улица каде што минувачите и довикуваат „дека е пластична спознорка“, како и „дека нејзиното момче ќе загине во мечот против Мек Грегор“.
До боксерскиот мега двобој Мејведер – Мек Грегор остана малку повеќе од еден месец. Мечот е закажан за 26 август во Т-Мобиле арена во Лас Вегас. Досега никој од тимот Мејведер, ниту од тимот на Мек Грегор не се обрати на јавноста во врска со овој инцидент.