Девин Хејни призна дека станал подобар благодарение на Ломаченко

Девин Хејни (21-0, 15 КО) ќе зачекори во рингот во сабота навечер во највисоко котирана борба во неговата кариера против Рајан Гарсија (24-1, 20 КО) во Баркли центарот во Бруклин, Њујорк.

На олеснување на многумина мечот ќе стави крај на жестоката вербална распарвија пред него. Ексцентричното однесување на Гарсија дојде до израз во вторникот кога Хејни му удри шлаканица на Гарсија за време на медиумскиот настап во Њујорк, додека тензиите меѓу двајцата достигнаа точка на вриење.

Во пресрет на борбата со Гарсија Хејни имаше убави зборови за поранешениот противник Васил Ломаченко и му даде заслужена почит на мечот со светскиот шампион во три категории за последователениот сеопфатен настап против Реџис Прогреис минатиот декември.

„Стекнав толку многу искуство“, рече Хејни, при што му оддаде должна очит на Ломаченко за подобрувањата по нивниот судир во мај 2023 година.

„Го земав искуството на Лома и го додадов на моето искуство.

И дури во мојата последна борба против Прогреис, видовте колку бев подобар во таа борба.

Но, тоа се случува кога се бориш со големи борци. Учиш, добиваш искуство и стануваш подобар. Затоа, среќен сум што успеав да научам од оваа борба и да извојувам победа и да продолжам понатаму“.

Победата против Ломаченко останува контроверзно прашање, а некои веруваат дека Ломаченко е неправедно оштетен да стане шампион во лесна категорија.

Критиките на судиите го одземаа сјајот на одличниот настап на Хејни, во една од најдобрите борби во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON