На Меѓународниот турнир Аминдео во Грција, џудистите на Сеишин настапи со 12 натпреварувачи освоија 9 медали – 1 златен, 6 сребрени и 2 бронзени.
Џудо клубот Сеишин настапи со 12 натпреварувачи а освоени се 9 медали (1 златен, 6 сребрени и 2 бронзени):
Медалите ги освоија:
Помлади пионери
Ване Ацески 1- место
Владан Стрезовски 2- место
Арсениј Димески 2- место
Христијан Бунески 2- место
Иван Јошески 2-место
Помлади пионерки
Матеја Николоска 3-место
Бисера Јовеска 2- место
Тамара Стојковска 2-место
Кадетки
Теона Настоска 3 – место
На турнирот учествуваа над 500 натпреварувачи од 15 држави: Грција, Турција, Македонија, Црна Гора, Украина, Грузија, Киргистан, Казахстан, Ерменија, Молдавија, Бугарија, Ирска, Франција и Германија.
Кадетите Никола Магдески, Михаил Димоски и Михаил Стојановски прикажаа одлични и пожртвувани борби во силната конкуренција на овој турнир, но во решавачките борби за медал не успеаја да се пласираат на пиедесталот и сите тројца завршија на 5-тото место.
Наредниот викенд се очекува настап на џудо турнирот „Пприлеп град херој“кој ќе биде во организација на ЏК Сеишин-Прилеп.