Десетина карате клубови сакаат да тренираат олимписко таеквондо

Синоќа објавивме дека со работа почна новиот таеквондо клуб во Штип чиј костур го чинат каратистите на КК Штип, воедно и го водат познатите карате тренери Сашко и Жарко Арсовски. Тренерот на ТКД Бутел и репрезентацијата Дарко Костовски открива интересен податок, односно дека повеќе карате клубови во нашата земја изразиле желба да вежбаат олимписко таеквондо.

„Се јавија 10 клуба кои сакаат да тренираат таеквондо. Ова не е тренд само кај нас, во Србија 16 клуба поминаа во таеквондо, во Хрватска 8, а тренерот на олимписката шампионка Ивет Горанова (-55 кг) од Бугарија, Ангел Ленков, исто така, почна да вежба таеквондо“, вели Костовски.

Ние би рекле дека ништо не треба да не чуди, ако се знае дека каратето ниту 2028 година нема да биде на програмата на Олмиските игри во Лос Анџелес. Од друга страна, ниту се гледа решавање на основните проблеми кои беа посочени од повеќе страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON