Дерик Луис загуби меч против Сирил Гане на почетокот на август за привремениот појас на УФЦ во тешка категорија.
Американскиот борец беше поразен на УФЦ 265 во Хјустон со прекин во третата рунда од непоразениот Французин, на кого му беше дадена можност да се бори со актуелниот шампион Френсис Нигану.
Црниот ѕвер неодамна се соочи со нов предизвик.
Имено, како гостин во емисијата „Хот уанс“, мораше да проба разни топли сосови. Освен што ја тестираше нивната лутина, Луис одговараше и на прашања.
И се снајде добро додека не мораше да ја проба „Da Bomb Beyond Insanity“.
Откако го вкуси тој сос, Дерик почна да се поти. Посегна по чаша млеко, а со крпа ја избришавте потта од челото.
А како изгледаше неговото искушение и како се справуваше со лутите сосови, погледнете во видеото: