Меѓународна сценаММА

Дерик Луис: Нокаутот против Александар Волков е мојата омилена победа во кариерата

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Дерик Луис, призна дека нокаутот над Русинот Александар Волков му е омилена победа во целата кариера.

„Причината зошто нокаутот над Волков го сметам за мој омилен е затоа што кажа многу глупости за мене. Исто така, ја сакам Америка – роден сум во САД. Кога бев дете, обожавав да ги гледам филмовите за Роки Балбоа, а во четвртиот дел тој се бори против Русин. Мојата победа против Волков беше токму во тој стил – како од филм за Роки. Ја сакав затоа што ме потсети на Иван Драго“, рече Луис во интервју за Парамаунт УФЦ кру.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON