Дерик Луис: Картис Блејдс беше ОК по нокаутот

Дерик Луис тврдеше дека ќе почека да заврши месецот на црната историја и само тогаш ќе започне да се потсмева на Кaртис Блејдс.

Како и да е, Црниот ѕвер не го исполни ветувањето и пред неколку минути започна да ги исмејува Бричот. Тие се бореа минатиот викенд во Лас Вегас и Луис го нокаутира со брутален аперкат. За жал на Бричот, Дерик не запре и го погоди со два потполно непотребни удари во партер.

Луис е лут на Блејдс, кој зборуваше многу негативности за него пред битката. Дерик влезе во низа од 4 последователни победи и уште една нокаут победа ќе го испрати на врвот на историјата на УФЦ со нокаути. На профилот на социјалните мрежи Луис објави фотографија од нокаутот над Блејдс и рече дека неговиот противник е добар.

Слика на Дерик како му се смее на Блејдс:


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON