Илир Латифи (14-7, 7-5 УФЦ) во февруари во Хјустон ќе го направи дебито во УФЦ во тешка категорија.
36-годишната Швеѓанец во Тексас ќе се бори против поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија Дерик Луис (22-7, 13-5 УФЦ).
Латифи ги загуби последните две борби во категоријата под 93 килограми. Минатиот декември Кори Андерсон го победи со едногласна одлука, а во август беше нокаутиран од Волкан Оездемир.
На почетокот на месецот 34-годишниот Луис славеше против Благој Иванов со поделена одлука и стави крај на негативна низа од два порази.
На настанот во Хјустон, Мирсад Бектиќ се бори со Дан Иге и Овинс Сент Про против Рајан Спан.
Латифи се мачеше како тешкаш ва почетокот на кариерата. Во својата прва борба во 2008 година се бореше со Благој Иванов, но мечот заврши без одлука, затоа што се скрши рингот.