Британскиот боксер Дерек Чисора добро ги знае можностите на Тајсон Фјури и Александар Усик, откако се бореше со двајцата.
Неодамна Дел бој беше доста уверен дека Кралот на Ромите лесно ќе победи во мечот за апсолутен светски шампион во тешка категорија.
„Тајсон ќе победи. Тој е поголем тип и има подолги раце. Само Тајсон“, рече Дерек Чисора и додаде:
„Ќе изгледа како некој да зема бонбони од рацете на бебе. Тајсон ќе победи, само ќе помине низ Усик. И тоа е тоа“.
Во меѓувреме Фјури и Усик ја потврдија борбата која ќе се одржи на 17 февруари во Саудиска Арабија.
Но, по неубедливиот настап на Фјури против Нгану и Чисора пред неколку недели, тој веќе не е сигурен дали може да го нарече Тајсон фаворит против Украинецот.
„На Усик и Фјури им треба малку време да влезат во ритам на подготовките, а кога ќе почнат ќе имаат напорна работа, сигурно ќе има и повреди. И двајцата ќе тренираат напорно, па којзнае дали се ќе оди добро до мечот. Се надевам дека ќе избегне сериозни повреди“, изјави Дерек Чисора.
Дел бој истакнува дека доколку Фјури сака да го победи Усик, не може да си дозволи ниту еден слободен ден како што сигурно имал пред последниот меч против Нгану.
„Тајсон сега мора да се натера. Неговата последна борба не беше добра, но победи. Реков дека ќе заврши во нокдаун, но тој се врати и дојде до победата. Се надевам дека излезе од балонот. Понекогаш може да имате лош ден, но тоа не е случај во боксот. Не можете да имате лош ден и да победите“, заклучи Дерек Чисора.